Достапни линкови

Белоруски државјанин виновен за кражба на индентитети во САД


Еден белоруски државјанин се изјасни за виновен во САД поради обвинение за кражба на индентитет и фалсификување на кредитни картици. Дмитри Насковец бил основач на сајт, преку кој била направена кражба на 2000 идентитети во над 500 случаи на измама. Тој им помагал на други онлајн измамници да ги користат украдените информации со кои биле измамени банките во САД. Насковец беше уапсен во Чешка во април минатата година и екстрадиран во САД. Тој се соочува со казна до 10 години затвор.
XS
SM
MD
LG