Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напад во авганистанската покраина Кандахар


Авганистанските власти соопштија дека еден разузнавач бил убиен, а повеќе од 20 луѓе биле повредени во самоубиствен бомбашки напад во јужниот дел на покраината Кандахар. Граничниот полициски командат Абдул Разек изјави дека авганистанските безбедносни сили се обиделе да го запрат напаѓачот, но тој го активирал експлозивот.
Во минатата недела околу 100 луѓе загинаа во Авганистан при слични бомбашки напади.
XS
SM
MD
LG