Достапни линкови

Украински пилоти управуваат со либиски авиони


Анти-владините протести во Либија

Анти-владините протести во Либија

Украинскиот весник Сегодниа денеска објави дека украински платени пилоти управувале со либиските авиони, кои го подржуваат режимот на Претседателот Моамер Гадафи. Според весникот украинските пилоти, од кои некои имаат висок ранг во либиското воздухопловство, управуват со руски борбени авиони и карго авиони. Во вторникот имаше извештаи дека украинските пилоти управувале со авионите кои ги бомбардираа стотиците демонстранти во близина на либискиот главен град Триполи.
Украинската амбасада во Либија ги негираше извештаите. Весникот наведе дека пилотите добивале плата од 2000 до 8000 илјади долари месечно.
XS
SM
MD
LG