Достапни линкови

Македонија веќе е навлезена во предизборна кампања, што според експертите, ќе го одложи решавањето на спорот за името.

Иако се уште не се знае дали и кога ќе се одржат изборите, Македонија се наоѓа во предизборен период. Тоа, пак, значи дека не може да очекуваме брзо решение на прашањето за името, оценува стручната јавност. Експертите предвидуваат дека земјава уште долго ќе се соочува со овој проблем. Изборите, не само што директно ќе влијаат врз преговарачкиот процес, туку
Треба да се постигне договор, писмен, усен, било каков, меѓу релевантните политички субјкети пред да почне кампањата тоа прашање да не се злоупотребува во кампањата и по можност и да не се споменува затоа што на таа тема ние немаме внатрешно партиски консензус, немаме внатрешен, македонски
консензус.
ќе го замрзнат се до нивнотот завршување и воспоставувањето на новата власт, предупредува професор Стево Пендаровски. Според него, очекувано е прашањето за името да биде злоупотребувано и во политичката кампања.

„Треба да се постигне договор, писмен, устен, било каков, меѓу релевантните политички субјкети пред да почне кампањата, тоа прашање да не се злоупотребува во кампањата и по можност и да не се споменува, затоа што на таа тема ние немаме внатрешно-партиски консензус, немаме внатрешен, македонски консензус, така што може да замислите кога тензиите по дефиниција се зголемени во сред избори, кога ќе се решава за идната власт, тогаш да биде постигната конструктивна расправа.“

Иако е очекувано преговорите во изборниот период да мируваат, поранешниот дипломат Ристо Никовски е убеден дека изборите ќе донесат поповолни услови за решавање на овој долгогодишен проблем.
Откако ќе бидат завршени изборите, со нова влада, со нов однос на политичките сили во земјата ќе биде полесно да дојдеме до решение кое нема да го обезличи македонскиот народ.


Медијаторот Метју Нимиц ќе одмара за време на предизборната кампања?

„Самите избори, пред се треба да помогнат во надминување на домашната поделеност која од една страна и не блокира, а од друга страна води кон пожесток притисок на меѓународниот фактор. Откако ќе бидат завршени изборите, со нова влада, со нов однос на политичките сили во земјата ќе биде полесно да дојдеме до решение кое нема да го обезличи македонскиот народ.“

Аналитичарот Љуљзим Хазири, пак, посочува дека изборите само би ја делигитимирале потребата за изнаоѓање на решение на проблемот со името.

„Две години владејачката партија и коалиција не успеа ниту еден чекор напред да направи во врска со изнаоѓање решение и ценам дека нивното можно легитимирање за уште еден мандат, тој процес ќе беше уште полабав, односно потешко ќе течеше.“

Аналитичарите истакнуваат дека нерешениот спор за името ќе предизвика дополнително оддолговлекување на евроинтегративниот процес на земјата. Имајќи го предвид овој проблем, кој се поставува како еден од клучните услови за влез на земјава во Европската унија и НАТО, логично е да се очекува дека уште долго време Македонија ќе биде надвор од овие организации, предупредуваат дел од домашните експерти.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG