Достапни линкови

Сите сакаат избори, но...


Ќе се разберат ли на тема избори?
Ќе се разберат ли на тема избори?

Граѓаните - заложници на играта на власта и опозицијата околу предвремените избори. Според експертите, во прашање е мерење на силите меѓу партиите.

Во врска со предвремените избори, партиите немаат исто мислење, па така опозицијата е различна во ставовите околу предусловите за враќање во парламентот, иако сите партии имаат помалку или повеќе исти гледишта - дека избори се потребни. Нов момент беше и повлекувањето на претседателот на ДИК, кој е предлог на опозицијата во ова тело. Како и да се земе, земјава
Политиката е перцепција и мислам дека сега ние сме, не само сведоци, туку и заложници, на целата таа политичка игра за перцепцијата кој е насилниот во македонската политичкиот
процес.
воопшто не е единствена по прашањето на предвремените избори, но експертите велат дека тоа е само перцепција и во прашање е мерење на силите меѓу партиите. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека ова препукување е само да се докаже кој е посилниот:

Претседателот на ДИК Александар Новаковски(најдесно) си поднесе оставка

„Знаете политиката е перцепција и мислам дека сега ние сме, не само сведоци, туку и заложници, на целата таа политичка игра за перцепцијата кој е насилниот во македонскиот политички процес. Мислам дека веќе сме влезени во предизборен процес.“

Пратениците од СДСМ остануваат надвор од Парламентот се додека нема соодветен одговор на нивните барања. Премиерот Груевски изјави дека се виде дека цело време блефирале и манипулирале и оти имаат страв од избори. Варијантата за неодење на избори и непокажување спремност за
Постои доволно критична маса со која би можеле да ги премостат оние преостанати неколку прашања, кои би им овозможиле излегување на избори, така што во моментов мислам дека СДСМ калкулира на подигнување на сопствената тежина во јавноста. Ова е веќе дел од предизборната кампања.
компромис е неприфатлива, особено за земја која има евроатлански аспирации, вели Муслиу, кој не верува дека ниту владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ би оделе сами на избори, ако СДСМ продолжи да го бојкотира Собранието.

Владо Бучковски од СДСМ тврди дека поспремни на копмромис треба да бидат партиите од власта, бидејќи тие се најодговорни за изборниот процес и сите општествени текови.

„Груевски заборава дека во времето кога беше опозиционер го условуваше учеството на изборите со прифаќање на неговите десет барања во изборниот законик. Тогаш се закануваше со бојкот, значи не дојде во 2006 година до бојкот затоа што власта прифати да биде изграден компромис, сега на потег е Груевски.“

Но, други експерти, сметаат дека во моментот се чини како да сме фатени во стапица. Според професор Билјана Ванковска, постои критична маса во опозицискиот блок со кој би можеле да се премостат прашањата во Собранието, кои, како што вели, се повеќе од козметичка природа. Евидентно е дека дел од помалите партии од опозицијата ја прифатија поканата на Груевски и кажаа дека не поставуваат услови за тоа, вели таа:

„Значи постои доволно критична маса со која би можеле да ги премостат оние преостанати неколку прашања, кои би им овозможиле излегување на избори, така што во моментов мислам дека СДСМ калкулира на подигнување на сопствената тежина во јавноста. Ова е веќе дел од предизборната кампања.“

Експертите имаат различни гледишта и околу потегот на излегувањето на претседателот на ДИК од ова тело. Според едни, најголемата опозициска партија е таа што сега треба да предложи нов кандидат, а според други овој момент покажува дека решението опозициските партии да предлагаат претседател на ДИК е лошо, зашто со тоа, таа личност може да биде и инструментализирана.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG