Достапни линкови

Светот подготвува притисок врз Либија


Американскиот претседател Барак Обама го осуди насилството на либиските сили против цивилите кои демонстрираат против режимот на Моамер ел Гадафи. Тој најави координиран одговор на меѓународната заедница на кризата во таа земја.

Во неговото прво обраќање од почетокот на нередите во Либија, американскиот претседател Барак Обама изјави дека либиските власти, поради употребата на сила против антивладините демонстранти, мора да сметаат на одговорност за кршење на човековите права.

„Страдењето и крвопролевањето се ужасни и неприфатливи. Неприфатливи се и заканите и наредбите да се пука врз демонстрантите. Ваквите акции се косат со меѓународните норми. Ова насилство мора да запре.“

Обама додаде дека неговата администрација планира да работи со меѓународните партнери на заеднички одговор на либиската криза.

За таа цел, американската државна секретарка Хилари Клинтон, идната недела ќе патува во Женева на состанок на кој ќе се разговара за ова
Побарав од мојата администрација да го подготви целиот спектар на опции со кои ние треба одговориме на оваа криза. Ова ги вклучува оние акции што може сами да ги преземеме, како и оние што ќе ги координираме со нашите сојузници и партнери.
прашање.

Луѓе чекаат да бидат евакуирани од аеродромот во Триполи

„Јас исто така, побарав од мојата администрација да го подготви целиот спектар на опции со кои ние треба одговориме на оваа криза. Ова ги вклучува оние акции што може сами да ги преземеме, како и оние што ќе ги координираме со нашите сојузници и партнери.“

Претходно, Европската унија сугерира дека санкциите би можело да бидат соодветен одговор за акциите на режимот на Гадафи против антивладините демонстрации.

И генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун повика на заедничка акција.

„Сегашната ситуација е непредвидлива и би можело да оди во разни правци. Многу од нив се опасни. Во овој критичен момент, императив е меѓународната заедница да го задржи своето единство и да дејствува заедно со цел да се обезбеди брза и мирна транзиција.“

Во меѓувреме, илјадници странски државјани продолжуваат да бегаат од Либија поради се поинтензивната битка за власт меѓу Гадафи и неговите опоненти, кои бараат крај на неговото над 40 годишно владеење.


Агенциите јавуваат дека демонстрантите ја имаат преземено контролата во источните делови на Либија, вклучувајќи ги градовите Бенгази и Тобрук, додека владините сили се уште ги држат во свои раце западните региони и главниот град Триполи.

Гадафи кој се соочи со напуштања на некои негови дипломати и воени команданти вети дека ќе се справи со револтот на опозицијата и оти нема да ја напушти власта. Се верува дека стотици луѓе биле убиени од почетокот на немирите минатата недела, но нема потврдени информации за точниот број на жртвите.

Странските земји ги продолжуваат операциите за евакуација на нивните граѓани од Либија, една од земјите кои се најголеми произведувачи на нафта во светот. Турција соопшти дека ја спроведува најголемата евакуација во историјата на таа држава, со оглед на фактот што станува збор за извлекување на 25 илјади Турци од Либија.

Слични операции спроведуваат и Европската унија, Соединетите Држави, Кина, Индија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG