Достапни линкови

Амбасадорот на САД во Косово бара санкционирање медиуми


Амбасадорот на САД во Косово Кристофер Дел

Амбасадорот на САД на Косово Кристофер Дел побара од регулаторен орган за медиуми да санкционира два весника и еден телевизиски канал кои публикувале лични пораки и разговори разменети за време на изборот на претседател во парламентот. Дел вчера изјави дека весниците Коха Диторе и Газета експрес и телевизијата КТВ ја пречекориле границата, огласувајќи приватна комуникација. Според медиумите, кои објавија разменети пораки меѓу новоизбраниот претседател Беџет Пацоли и негов соработник, Дел го охрабрил Пацоли да продолжи со третиот круг од изборите во вторникот, независно од неуспехот да биде избран во првите два круга.
XS
SM
MD
LG