Достапни линкови

logo-print

Јемен: претседателот ги штити демонстрантите


Претседателот на Јемен Али Абдула Салех, според државната новинска агенција, им наредил на неговите безбедносни сили да ги заштитат демонстрантите кои бараат крај на неговото 32 годишно владеење. Агенцијата прецизира дека претседателот побарал избегнување на секаква конфронтација на протестите. Од нивниот почеток на 16 овој месец досега загинале најмалку 15 луѓе. Салех вети дека ќе се повлече кога ќе заврши неговиот мандат во 2013 година.
XS
SM
MD
LG