Достапни линкови

САД подготвуваат санкции за Либија


Демонстрации во градот Тобрук во Либија

Демонстрации во градот Тобрук во Либија

Претседателот на САД Барак Обама го осуди насилството против демонстрантите во Либија. Тој изјави дека ја испратил државната секретарка Хилари Клинтон во Женева, на меѓународни разговори, чија цел е заприрање на крвопролевањето во северноафриканската земја. Обама изјави дека и наредил на администрацијата да подготви многу опции со кои ќе се врши притисок врз режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи. Една од опциите се и санкции, кои САД би можеле да ги воведат заедно со нивните сојузници. Ова беше прво обраќање на Обама од почетокот на насилствата во Либија.
XS
SM
MD
LG