Достапни линкови

logo-print

Цената на нафтата близу 100 долари за барел


Цената на нафтата во САД, на кратко ја премина границата од 100 долари за барел, поради стравувањата дека случувањата во Либија може да ја зголемат инфлацијата и да го нарушат економското опоравување. На берзата во Њујорк, барел нафта се продава за 98,10 долари, а претходно, во текот на денот, се продаваше и за 100 долари. Експертите стравуваат дека немирите во Либија и во други земји на Блискиот Исток може да го прекинат производството на сурова нафта, што ќе доведе до повискока цена на горивата и ќе го попречи закрепнувањето на глобалната економија од финансиска криза.
XS
SM
MD
LG