Достапни линкови

Севернокорејците јадат трева поради недостиг од храна


Синхронизирано пливање во чест на роденденот на Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил на 15 февруари 2011. Лидерот слави, луѓето гладуваат.

Синхронизирано пливање во чест на роденденот на Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил на 15 февруари 2011. Лидерот слави, луѓето гладуваат.

Поради недостиг од храна, луѓето во неколку области во Северна Кореја биле принудени да јадат трева и билки, а кај децата владее глад, соопштуваат неколку невладини и хуманитарни организации кои биле на турнеја низ Северна Кореја. Во заедничката изјава на организациите се вели дека, во некои области, житните култури се намалени за половина и се претпоставува дека залихите на храна ќе бидат исцрпени до средината на јуни. Северна Кореја, која се соочува со недостиг од храна, наводно побарала од меѓународната заедница да достави помош во храна. САД во 2009 година забранија снабдување на Северна Кореја со храна, откако од таму беше протерана набљудувачката мисија за нуклеарната програма.
XS
SM
MD
LG