Достапни линкови

Подметнати бомби пронајдени во грузиска телевизија


Грузиската полиција открила најмалку две бомби поставени во просториите на приватната телевизија Имеди во главниот град Тбилиси, соопштува тамошното Министерство за внатрешни работи. Од таму велат дека бомбите ги поставила криминална група раководена од руските специјални сили. Грузија често се жали на руско мешање во нејзините внатрешни работи. Двете земји водеа кратка војна во 2008 година за отцепениот грузиски регион Јужна Осетија.
Во декември, минатата година, по серијата бомбашки напади, грузиските власти уапсија шест луѓе. Обвинија дека зад нив стои руски воен офицер.
XS
SM
MD
LG