Достапни линкови

Дискавери е подготвен за „пензија“


Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека вселенскиот брод Дискавери е подготвен да ја започне својата последна мисија, пред да биде пензиониран. Лансирањето на Дискавери, од вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал во Флорида, е закажано за доцна денеска. Дискавери треба да однесе инструменти, луѓе и нов модул за експерименти на Меѓународната вселенска станица. Оваа 11-дневна мисија ќе биде 39-та по ред на Дискавери, кој за прв пат беше лансиран во 1984 година.
XS
SM
MD
LG