Достапни линкови

Демонстрантите презеле контрола во неколку градови во Либија


Протестите во Либија

Анти-владините демонстранти презеле контрола во неколку градови во источниот дел на Либија, а се повеќе дипломати на земјата се против Претседателот Моамер Гадафи. Противниците на режимот на Гадафи го контролираат регионот Сиринаика, како и градовите Тобрук и Бенгази, бидејќи и војниците им се придружуваат на протестите.
Според извештаите двајца пилоти скокнале со падобран од борбените авиони, бидејќи не сакале да ја извршат наредбата да ја бомбардираат опозицијата во Бенгази. Во меѓувреме истрели се слушнале во Триполи, каде мала група на приврзаниците на Гадафи била на улиците низ градот, откако Претседателот побара помош за растурање на протестите.
XS
SM
MD
LG