Достапни линкови

Оставка на 7 членови на партијата на јеменскиот претседател


Јеменскиот претседател Али Абдула Салех

Јеменскиот претседател Али Абдула Салех

Седум членови на јеменскиот Парламент дадоа оставка од владејачката партија на Претседателот Али Абдула Салех, во знак на протест поради насилството на властите против демонстрантите. Оставките на некои од главните подржувачи на Салех се по масовните протести во земјата на кои се бара да се стави крај на 32 годишниот режим на Претседателот на земјата.
Владејачката партија на Салех се уште има околу 240 пратеници во Парламентот, кој брои 301 член.
XS
SM
MD
LG