Достапни линкови

logo-print

САД со санкции за обвинителот и шефот на полицијата во Иран


Американското министерство за финансии денеска спроведе санкции против шефот на полицијата и генералниот обвинител во Иран, поради злоупотреба на човековите права во земјата. Според соопштението на министерството командантот на Иранската револуционерна гарда, Мухамед Реза Накди и главниот обвинител на Техеран, Абас Џафари Долатабади се додадени на црната листа за контрола на имотот на странците.
На двајцата ирански државјани ќе им биде забрането и добивањето на виза, како и имотот кој го имаат под американска јурисдикција и американските граѓани нема да можат да вршат финансиски трансакции со нив.
XS
SM
MD
LG