Достапни линкови

Се уште проблеми со откупот на тутунот


Тутунопроизводителите со денови чекаат за да го предадат тутунот
Тутунопроизводителите со денови чекаат за да го предадат тутунот

Тутунарите со денови чекаат за да го предадат тутунот, поради, како што велат, играта на откупувачите, кои откупуваат само по неколку тонa, а потоа ги затвораат пунктовите.

Чекаме со денови, смрзнуваме, ноќе палиме оган за да се стоплиме со надеж дека следниот ден ќе го предадеме родот, за да земеме некој денар, да им однесеме храна, да им купиме облека на децата, да ги платиме сметките, за да не не остават без струја, без вода. Но,откупувачите се поигруваат со нас. Откупуваат по 2-3 тона дневно и ги повлекуваат откупните ваги. Тутунот ќе ни остане, ќе скапи, ќе го фрлиме по ѓубриштата, ќе останеме голи и боси.
Па срамота е ова, 15 дена јас идам овде со ова возило, тие не понижуваат
нас.
Вака се жалат тутунарите од 20-ина прилепски села кои родот го предаваат во откупните пунктови на Струмица табак и Соко-таб во Кривогаштани.

„Па срамота е ова, 15 дена јас идам овде со ова возило, тие не понижуваат нас."

„Три тона и прекин, уште колку, пред мене има 8 дена што чекаат луѓе овде. Ова е срамота што го работите, или свестете се, или работете како што треба или не требате повеќе.“


„Ќутат и си заминуваат, ништо помош од инспекцијата немаме. И сега тутунот јас како што мислам овде 80 отсто не е предаден.“

„Деца за на школо, домашни потреби, струја за плаќање, не знам од кај ќе најдеме пари и како ќе се справиме со оваа држава“, реагираат производителите кои склучиле договор со Струмица табак.
Деца за на школо, домашни потреби, струја за плаќање, не знам од кај ќе најдеме пари и како ќе се справиме со оваа држава.

Со денови чекаат и тутунарите пред пунктот на Соко таб. Стравуваат дека тутунот не ќе може да го предадат до крајот на законскиот рок.

„Одат преку ред внесуваат, евра даваат таму, по 50 евра, ние си чекаме, палиме оган ноќе. Ова го дотера Никола Груевски вака, нека му е на честа ова што ни го прави вака на нас земјоделците“, вели Петре Степаноски од Бучин.

А, според неговиот сосед по место на чекање, долгогодишниот тутунар од Локвени Рамиз Папиќ, годинава
Одат преку ред внесуваат, евра даваат таму, по 50 евра, ние си чекаме, палиме оган ноќе. Ова го дотера Никола Груевски вака, нека му е на честа ова што ни го прави вака на нас земјоделците.
откупната кампања е како оние од пред 20-ина години.

„Ние чекаме еден од понеделник, ноќеваме тука со два трактора и не можеме да дојдеме на ред никако. Друго не вратија во рикверц за 20 години, ко што биле цени пред 20 години сега го ценат така, 120 денари, за еден литар масло“, се жали Папиќ, смрзнувајќи се на тракторот додека трпеливо чека во ред.

Незадоволните тутунари не знаат кој крај да го фатат, велат ако откупните фирми не го интензивираат откупот ќе им остане повеќе од половина од реколтата дома. Сите се сомневаат дека Владата, во договор со откупните фирми тенденциозно не им го презема родот, зашто не сака да им се исплати ветената субвенција од по едно евро за килограм. Според оценките на тутунарите оваа откупна кампања е најлоша досега.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG