Достапни линкови

logo-print

Сите македонски државјани до утре евакуирани од Либија


Луѓе кои чекаат да бидат евакуирани од аеродромот во Триполи

Луѓе кои чекаат да бидат евакуирани од аеродромот во Триполи

Сите македонски државјани би требало до утре да бидат евакуирани од Либија. Потпаролот на министерството за надворешни работи Борче Стамов изјави дека сите се во добра здравствена состојба и поголемиот дел од нив се градежни работници, кои биле ангажирани од хрватски, босански и либиски фирми.
Девет македонски државјани денеска пристигнале на аеродромот во Софија, а 30 се уште се наоѓаат на пристаништето во Бенгази. Според Стамов тие денеска ќе бидат евакуирани. Друга група на 10 лица се наоѓа на аеродромот во Триполи, кои треба заедно со босанските државјани да добијат дозвола за лет до Сараево.
XS
SM
MD
LG