Достапни линкови

logo-print

Штрајк на работниците во Грција


Етина

Етина

Грчките работници денеска штрајкуваат против мерките на властите за спас на земјата од банкрот. Штрајковите го парализирале поморскиот собраќај, железничките линии и го отежнале јавниот транспорт во Атина, како и меѓународните летови до и од главниот град. Штрајкот влијае и врз функционирањето на болниците и училиштата, а нефункционираат јавната администрација и банките.
Тоа е првиот протест на грчките работници во оваа година против одлуката на властите во минатата година да ги намалат платите и пензиите, како и да го зголемат данокот, поради заемот од 110 милијарди евра од ЕУ и ММФ.
XS
SM
MD
LG