Достапни линкови

Ќе се договорат ли избори?


Ќе падне ли договор за избори?

Ќе падне ли договор за избори?

Власта и опозицијата никако да се „разберат“ околу изборите. Според опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ блефира подготвеност за решавање на нивните услови.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја повика опозицијата на координативна средба за да ги разгледаат сите одлуки. До ова доаѓа откако најголемата опозициска партија СДСМ која го бојкотира Собранието вчера на повикот на премиерот за брзи избори возврати со соопштение во кое оцени дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени да ги прифатат условите за политички дијалог и за одржување фер и демократски избори.

Тито Петковски од опозициската НСДП изјави дека на дневниот ред на координацијата во Собранието не се дефинирани нивните услови и повтори дека премиерот ги отфрли условите за деблокада на сметката на А1 ТВ и рамномерна распределба во сите медиуми на парите од реклами на владата:
Ние рековме дека за да почнат преговори ќе треба да се деблокира сметката на А1 ТВ, тоа беше првиот услов за да почнеме да
преговараме.


„Ние рековме дека за да почнат преговори ќе треба да се деблокира сметката на А1 ТВ, тоа беше првиот услов за да почнеме да преговараме за другите барања, за усогласување на ставовите околу изборниот законик и избирачкиот список.
Претседателот на собранието Вељановски свика кооридинативна средба
Внесени се во собраниска процедура две наши барања, говорам за НСДП, но за останатите другите прашања се уште нема никаква согласност од власта.“

Груевски ја повика опозицијата да се врати во Парламентот и нагласи дека сите подготовки за предвремени избори може да завршат за една недела. На ставот на СДСМ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ каде велат дека од пет барања, Груевски понудил решенија за четири што според нив покажува дека Црвенковски блефира дека сака избори:
Повеќето т.н. услови беа прифатени и ние сме подготвени да соработуваме. Ако и покрај тоа тие останат на својот став, верувам дека не смееме сите да дозволиме Македонија да биде заложник.


„Повеќето т.н. услови беа прифатени и ние сме подготвени да соработуваме. Ако и покрај тоа тие останат на својот став, верувам дека не смееме сите да дозволиме Македонија да биде заложник“, изјави Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ.

И во ДУИ побараа брзи избори, но сметаат дека избори треба да има кога власта и опозицијата ќе го обноват политичкиот дијалог:

„Ние ќе се обидиме да седнеме на маса и да ги решаваме овие проблеми. Ако опозицијата не учествува тогаш ќе треба уште еднаш да се обидеме заеднички да седнеме и да ги решаваме овие проблеми“, изјави Тахир Хани.

На дневен ред на координацијата во Собранието се одлуките за формирање парламентарна комисија за утврдување на состојбите со избирачкиот список, измените во изборниот законик како и измените на Судскиот совет.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG