Достапни линкови

Милошоски во работна посета на Романија


Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, на покана од шефот на дипломатијата на Романија, Теодор Баконски, денеска ќе оствари работна посета на Романија.
На средбата, соопшти МНР, се очекува да се разговара за можностите за унапредување на билатералните односи. За време на посетата се очекува да биде потпишан и Меморандум за соработка во процесот на европската и евро-атлантската интеграција меѓу двете министерства за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG