Достапни линкови

Во Софија политички консултации меѓу Македонија и Бугарија


Зоран Петров

Зоран Петров

Во Софија денеска и утре ќе се одржат политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Бугарија.
Како што соопшти МНР, се очекува да бидат разгледани можностите за натамошен развој на билатералната соработка меѓу двете држави во сите области од заемен интерес. Македонската делегација ќе ја предводи заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров, кој, покрај средбата со неговиот домаќин, заменик-министерот за надворешни работи Димитар Цанчев, ќе оствари средба и со министерот за надворешни работи Николај Младенов.
XS
SM
MD
LG