Достапни линкови

Оставка на либискиот министер за внатрешни работи


Либискиот министер за внатрешни работи Абдел Фатах Јунес изјави дека му се придружува на народот кој бара заминување на либискиот лидер Моамер ел Гадафи од власта. Катарската телевизија Ал Џезира синоќа го прикажала министерот кога во својот кабинет поднесува оставка на сите функции, велејќи дека е целосно уверен во искреноста на барањата на либискиот народ. Тој ги повикал сите припадници на оружените сили исто така да одговорат на барањата, во знак на солидарност со револуцијата. Повеќе високи либиски претставници, министри, дипломати или војници поднесоа оставки во знак на негодување поради бруталната пресметка со демонстрантите. Според најновите податоци, во судирите на протестантите и безбедносните сили загинале 300 луѓе, од кои 242 цивили и 58 војници.
XS
SM
MD
LG