Достапни линкови

Вељаноски свика координација на пратеничките групи


Трајко Вељаноски

Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски за денеска на пладне свика координативна средба на која се поканети потпретседателите на парламентот и координаторите на пратеничките групи, како и вицепремиерот Васко Наумовски. На дневниот ред на средбата Вељаноски предложи разгледување на прашањата за основање парламентарна комисија за утврдување на состојбата со избирачкиот список, измени и дополнувања на Изборниот законик, согласно со препораките на ОБСЕ/ ОДИХР и како трета точка измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет, согласно со препораките на ЕУ од извештаите за нашиот напредок. Првиот парламентарец во писмената покана за учество на координативната средба потсети, како што се наведува, на обврските што пратениците ги имаат преземено и на улогата на Парламентот во целина.
XS
SM
MD
LG