Достапни линкови

Пацоли не помина и на второто гласање на косовскиот Парламент


Членовите на косовскиот Парламент

Членовите на косовскиот Парламент

Кандидатот за Претседател на Косово Беџет Пацоли денеска не го доби потребниот број на гласови ни во вториот круг на гласањето во Собранието. За избор на Пацоли за нов шеф на државата позитивно гласале 58 пратеници, 7 биле против, а две гласачки ливчиња биле неважечки. За да биде избран еден кандидат за Претседател треба во вториот круг од гласањето да добие најмалку 81 глас, а во третиот 61 глас.
Косовското Собрание има 120 пратеници и пред гласањето законодавниот дом го напуштиле пратениците од Демократскиот сојуз на Косово, движењето „Самоопредување“ и Алијансата за иднината на Косово.
XS
SM
MD
LG