Достапни линкови

Либискиот претседател Гадафи нема да поднесе оставка


Обраќањето на либискиот претседател Моамер Гадафи

Обраќањето на либискиот претседател Моамер Гадафи

Либискиот претседател Моамер Гадафи денеска вети дека ќе остане во земјата како шеф на револуцијата, дека ќе умре како маченик и ќе се бори се до последната капка крв. Во обраќање до нацијата на националната телвизија тој изјави дека нема да поднесе оставка од функцијата. Гадафи се обрати по повикот на високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај да се спроведе меѓународна истрага за насилството на властите на протестите во Либија. Пилај го осуди насилството и предупреди дека систематските напади против цивилиното население можат да биде еднакви на злосторство против човештвото.
XS
SM
MD
LG