Достапни линкови

Се намалува наталитетот во Дебар


Дебар

Дебар

Во општина Дебар последните неколку години има рапидно намалување на наталитетот. Главна причина - миграцијата.

До пред десет години во дебарската болница во просек се регистрираа по 750 породувања, додека денес тој број е помал дури за околу 500. Главна причина за намалувањето на наталитетот е миграцијата на населението во западноевропските земји, но и во Соединетите Американски Држави.

„Минатата година, но и преклани во општата болница во Дебар во одделението за гинекологија се регистринаи од 260 до 280 породувања. Таа бројка е многу помала од година во година. Пред пет години бројот на породувањата извршени во нашата болница беше 560. Фактичката состојба говори дека намалувањето на породувањата е големо. Сметам дека главен проблем е миграцијата на населението“, истакнува директорот на општата болница во Дебар, Баки Алили.

Според него, наталитетот и натаму е поголем во руралните средини.


Инаку, кога говориме за наталитетот, треба да се нагласи и констатацијата на некои организации на жените во Дебар дека покрај големата миграција на населението, во намалувањето на наталитетот одредено помало влијание има и планирањето на семејството. Треба да се нагласи дека во општата Болница во Дебар поради немање на свои кадри, гинеколози се обезбедуваат со одреден договор кој е направен со општата болница во Струга.

„Моментално поради дефицитарен кадар на гинеколози во Дебар, ние веќе три години како општа болница во Дебар, имаме договори со општата болница во Струга, така што 24 часа дневно има гинеколози во одделението за Гинекологија во Дебар“, подвлекува директорот Алили.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG