Достапни линкови

Косовското Собрание не го избра Пацоли за Претседател


Косовското Собрание

Косовското Собрание

Кандидатот за Претседател на Косово Беџет Пацоли денеска не го доби потребниот број на гласови во првиот круг на гласање во Собранието за да биде избран за шеф на државата. За избор на Пацоли позитивно гласале 54 пратеници, 11 биле против, а две гласачки ливчиња биле неважечки.
За да биде избран еден кандидат за Претседател треба во првиот и вториот круг од гласањето да добие најмалку 81 глас, а во третиот 61 глас. Косовското Собрание има 120 пратеници и пред гласањето законодавниот дом го напуштиле пратениците од Демократскиот сојуз на Косово, движењето „Самоопредување“ и Алијансата за иднината на Косово.
XS
SM
MD
LG