Достапни линкови

Производството на органски мед, исплатливо


Пчеларот Новко Величковски
Пчеларот Новко Величковски

Новко Величковски е првиот производител на органски мед во Македонија. Тој вели дека пласманот на овој вид на мед е одличен.

Во селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, во непосредна близина на Драгомански мост на реката Пчиња, на патот кон светски познатата мегалитска опсерваторија Кокино со својот семеен бизнис се занимава кумановецот Новко Величковски, првиот производител на органски мед и останати пчелини производи во Македонија. Величковски не го крие задоволството што пред пет години од конвенционално пчеларство преминал на органско, но додава дека би било добро да има уште такви пчелари кои би основале здружение. Одлуката за овој вид бизнис ја донел по посетата на повеќе семинари и саеми за презентација на пчеларството во регионот.
До сега пласманот одеше одлично. Минатата година ми задоцнија органските етикети, реколтата остана непродадена, така што годинава двете ќе ги спојам и можам да снабдувам големи маркети.


Почетоците, според Величковски, биле тешки и макотрпни. Во тоа време немало субвенции, поради што морал самиот да инвестира. Но, и едукацијата не го чинела малку, оти освен
набавување литература и консултации со експертите, тој патувал во земјите од регионот каде што овој вид бизнис веќе добро функционира, но и по западноевропските земји. Меѓутоа, моментно, Величковски вели:

„Имам 200 пчелни семејства, распоредени на три локации. Во Драгоманце, вториот е на километар ипол и третиот е на 8-10 километри кон планината (Козјак). Кон крајот на мај овој го селам кон Арбанашко. Сертификатот за органско производство на мед и на сите останати пчелини производи го добив пред три години.“

Величковски додава дека проблем со пласманот не постои, бидејќи како што не може да произведе толку колку што се бара на пазарот. И додава дека тој би произведувал и пчелин отров за фармацевтската индустрија, меѓутоа за сега нема пласман за тоа.

„До сега пласманот одеше одлично. Минатата година ми задоцнија органските етикети, реколтата остана непродадена, така што годинава двете
Ова е семеен бизнис. Сам не можам да работам, а секој член од семејството си има свои задолженија и на крајот кога ќе се спои - функционираме.
ќе ги спојам и можам да снабдувам големи маркети.“

Иако процесот на пчелиното органско производсто е покомплициран и бара повеќе ангажман, во тоа е вклучено неговото семејство.

„Ова е семеен бизнис. Сам не можам да работам, а секој член од семејството си има свои задолженија и на крајот кога ќе се спои - функционираме.“

Илустрација: Продавачи на мед

Величковски вели дека е задоволен бидејќи произведува здрава храна. Упорен е и истраен, а по урнекот на западноевропските производители и барањето на пазарот, пакувањата на пчелините производи ќе ги прави во помали количества и со убав дизајн, оти увидел дека времето на големите пакувања веќе одминало. Од сегашната цена на органските пчелини производи е задоволен. Тој ги има сите неопходни машини, единствено не успеал да обезбеди дозерка која не е ефтина.

Во руралната Општина Старо Нагоричане, со голем неискористен туристички потенцијал, до сега не е извршена сондажа на теренот, за да им се помогне на оние кои можат да се вклучат и да дадат свој допринос.
Соња Кушовска-Трајковска, проект- менаџер за Општината Старо Нагоричане вели:

„Целта е да се оди на органско производство на органска здрава храна. Тоа да биде како цел во стратегијата на рурален развој на Општината. Во Општината нема податоци дека има луѓе кои веќе работат. Пред еден месец е регистриран конвивиум „Старонагорчанка“ за производство на здрава, автохтона храна, без примена на индустриско производство, а потоа да се организира и пласман на тие производи.“

Ова е во интерес на агротуристичкото стопанство, кое ќе функционира паралелно со земјоделството и сточарството.
За органските производи Кушовска -Трајковска вели:

„Тие ќе бидат и како сувенир на Општината.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG