Достапни линкови

Медведев со предупредување за иднината на арапскиот свет по немирите


Рускиот претседател Дмитри Медведев

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска предупреди дека немирите на Блискиот Исток и Северна Африка може да предизвикаат арапските земји да бидат распарчени и да дојде до децениски судири. Медведев говорејќи на безбедносниот состанок во Владикавказ, главниот град на Северен Кавказ изјави дека во арапскиот свет поради немилите настани на власт може да дојдат фанатици, кои ќе го шират екстремизмот во регинот во наредните години.
XS
SM
MD
LG