Достапни линкови

Синот на иранскиот опозиционен лидер Каруби во притвор


Иранскиот опозиционен лидер Мехди Каруби

Иранскиот опозиционен лидер Мехди Каруби

Иранските опозициони сајтови објавија денеска дека властите го уапсиле синот на опозициониот лидер Мехди Каруби. Според извештаите Али Каруби бил притворен со неговата сопруга Мафисех Панахи, која подоцна била пуштена на слобода. Мехди Каруби и неговиот колега Мир Хосеин Мусави се наоѓаат во домашен притвор од минатата недела, бидејќи повикаа на протести за подршка на случувањата во Египет и Тунис. Најмалку две лица загинаа на судирите меѓу демонстрантите и полицијата на 14 февруари.
XS
SM
MD
LG