Достапни линкови

logo-print

Груевски порача дека сака избори што побрзо и го повика Црвенковски да не ги одложува истите.

ВМРО-ДПМНЕ е за предвремени избори во најбрз може рок, изјави претседателот на партијата и премиер Никола Груевски кој денеска го повика лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски истите да не ги одложува:

„Избори ќе имаш, сега и веднаш, без одлагање, без купување на време. Те повикувам на избори, јасно и гласно. Доблесно и достоинствено е да прифатиш. Државата не смее да биде заложник на едно лице исто како што не очекувам дека заложник ќе биде и СДСМ.“

Груевски, кој се огласи откако Црвенковски побара избори во јуни доколку се исполнат условите за нивно враќање во парламентот изјави дека од сите нивни барања релевантни се две, за изборниот законик и избирачкиот список, а во врска со барањето за одблокирање на сметките на А1 телевизија тој повтори дека нема влијание врз судската власт:

„Доколку Бранко Црвенковски е навистина убеден дека ќе ги добие изборите и дека народот масовно ќе го подржи, нека прифати избори веднаш и потоа, ако народот тоа му го дозволи со гласањето за него на изборите, нека се јавува на телефон во судот и нека ја смени одлуката на судот за случајот Пајажина и деблокадата на сметката, токму онака како што требало.“

Груевски за Црвенковски рече дека веќе пет месеци бара избори и блефира, додавајќи дека без трикови треба да се соочи со неговиот блеф. Тој нагласи дека изборите мора да бидат фер и оти нема да дозволи граѓаните и Македонија да бидат заложници на личните амбиции и интереси на Црвенковски.

И во ДУИ претходно потврдија дека се подговени за избори, но бараат опозицијата да се врати во Собранието.

„Сме подготовени за тој предизвик, но прво нешто што треба да се случи е враќање на опозицијата во Парламентот, за парламентарното мнозинство да ги разгледа нивните барања“, изјави Ермира Мехмети Деваја.

Али Aхмети

СДСМ предложи свои
Ги разгледувавме ситуациите и се она што е поврзано со последниве настани, предлогот на премиерот, одговорот на Бранко итн...
временски рокови за нивно враќање во Собранието. Првиот чекор за тоа е симнување на блокадата на А1 ТВ. Веднаш потоа СДСМ е подготвен да седне со поголемите партии на преговарачка маса и на лидерско ниво и на ниво на работни групи за усогласување на законот за распределба на средствата за медиумите и изборниот закон:

„Со искрена политичка волја и интензивна работа целокупното усогласување може да заврши најдоцна до 15-ти март, истиот ден кога ова ќе биде направено СДСМ ќе се врати во Собранието“, изјави вчера Црвенковски.

Според проценките на опозицијата процедурата за носење на овие закони во Собранието би траела 30 дена, а би се завршила до 20 април кога собранието би се распуштило. Доколку политичките партии се согласат, предвремени избори треба да се одржат најдоцна 60 дена од распуштање на Собранието.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG