Достапни линкови

logo-print

Меѓународната заедница реагира на состојбите во Либија, Гадафи останува во Триполи


ос протестите во Либија

ос протестите во Либија

Меѓународна коалиција за човекови права испрати апел до Европската унија и Соединетите држави за суспендирање на членството на Либија во Советот за човекови права при Обединетите нации. Коалицијата од 70 организации за човекови права во образложението на барањето наведува дека постапките на следбениците на режимот на Муамар Гадафи против сопствениот народ се криминал против човештвото. Коалицијата го испратила дописот до Белата куќа во Вашингтон и централата на ЕУ во Брисел, а копии од писмото се доставени и до генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун како и до лидерите на земји постојани членки на безбедносниот совет при ООН. Во меѓувреме, во Либија се шират протестите против владеењето на Гадафи. Бројот на следбеници на лидерот и понатаму се намалува.

Хилари Клинтон
Реакции за случувањата во земјата пристигнаа од Соединетите американски држави. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон го повика либискиот лидер Гадафи да го сопре крвопролевањето во неговата земја, додавајки дека насилството е неприфатливо, Клинтон ја даде изјавата по извештаите дека стотина луѓе загинале во судир со безбедносните сили при протестите со кои се бара крај на долгогодишното владеење на Гадафи. Светот алармирано ја следи состојбата во Либија, изјави Клинтон додавајки дека Соединетите американски држави и се придружуваат на меѓународната заедница во осудата на насилството.

Муамар Гадафи

Гадафи, пак, вчеравечер имаше кратко телевизиско обраќање. Во изјавата која траеше помалку од една минута тој рече дека останува во главниот град на земјата Триполи, и демантираше дека пребегал во Венецуела. Изјавата на либискиот лидер беше снимена покрај автомобил.

XS
SM
MD
LG