Достапни линкови

logo-print

Казахстан и Кина ќе потпишат договори за економска соработка


Казахстан и Кина денеска ќе потпишат повеќе договори со кои ќе ја продлабочат билатералната соработка. Договорите, вредни неколку милијарди американски долари, ќе се потпишат за време на официјалната посета на казакстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев во Пекинг. Со договорите, меѓу другото, ќе се регулира долгорочното снабдување на казахстански ураниум на Кина, како дел од програмата на кинеската компанија за нуклеарна енергија „Гуандонг“. Според медиумските извештаи, околу една милијарда американски долари ќе бидат издвоени за финансирање на изградбата на рафинерија за нафта во Казахстан.
XS
SM
MD
LG