Достапни линкови

logo-print

Битолската касарна - урбана населба


Битола

Битола

Битола пред јавноста го претстави новиот лик што по неколку години треба да го добие старата касарана. Поранешната касарна ќе прерасне во урбана населба.

Со Деталниот урбанистички план кој го подготвија општинарите опфатени се над 103 хектари површина поделена на три дела, кои ќе прераснат во урбана градска населба. Според Валентина Андријашевиќ Кривашија, претставник од општината првиот дел од касарната „е поставен на рамничарски терен, намената на просторот ќе биде домување во комбинации со јавните дејности, односно
Ова е прва фаза од продажба на земјиштето, а во втората фаза ќе биде продажба на околу 170 локации за куќи и тоа нуди поквалитетен живот за граѓаните.
комерцијални објекти, јавна државна администрација, големи трговски и угостителски единици и еден поголем дел наменет за високото образование. Постојните објекти кои беа во сопственост на Министерството за одбрана во овој дел поседуваат најдобри квалитети од аспект на конструкција и нивната употреблива вредност е доста висока“.

Совет на општина Битола

Министерството за транспорт и врски веќе огласи продажбата на 22 парцели од првиот дел. Наскоро ќе се продаваат парцели од вториот дел на касарната наменети за изградба на куќи.

„Конкретно во првиот дел има на продажба 22 локации, 12 од нив се наменети за станбено домување значи згради. Ова е прва фаза од продажба на земјиштето, а во втората фаза ќе биде продажба на околу 170 локации за куќи и тоа нуди поквалитетен живот за граѓаните“,
Од овој проект очекуваме директни инвестиции во општина Битола само со продажбата на земјиштето од над 15 милиони евра.
изјави Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.

Во вториот дел е предвиден и простор за филмски град. Третиот дел од касарната има стрмни ридести терени кои одлично ќе се вклопат во агендата за рекреација, а содржи и археолошко наоѓалиште. Од овој проект се очекува благодет да видат и општината и граѓаните, вели министерот за одбрана, Зоран Коњановски.

„Од овој проект очекуваме директни инвестиции во општина Битола само со продажбата на земјиштето од над 15 милиони евра, а нормално и дополнителни средства од комуналии и градба на останати објекти“, вели Коњановски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG