Достапни линкови

Ирачанец колекционер на наши народни песни


Али Шибли

Али Шибли

Ирачанецот Али Шибли е архитект по професија. Добар дел од својот живот, тој го поминал во Скопје. Наедно е страсен колекционер на македонски народни песни. Тој заедно со неколкумина наши музичари подготвува и мултикултурен проект што ќе биде изведен на претстојното Скопско лето.

Како едно од деветте деца во семејството, Али Шибли од родниот Ирак во тогашна неврзана титова Југославија пристигнал во 1981 година. Сакајќи да ги оправда очекувањата на родителите се решил да студира архитектура во Скопје. И, како што сега вели, не згрешил, бидејќи неговата средба со новата, мултикултурна средина, со Македонија била љубов на прв поглед. Бил воодушевен од гостопримливоста на луѓето и набрзо, со својата гитара, станал еден од главните шоумени во тогашниот Клуб на меѓународно
Хаправивме многу интересна комбинација и тоа како микс на арапската со македонската музика и учествувавме на вечерите на Хераклеа во Битола. Потоа добивме покана да свириме во Лин, во Франција.
пријателство
.
Шибли истакнува дека за да му се врати на утот како инструмент што го свири од своите младешки денови најмногу влијаел кантавторот Јаков Дренковски, со кого потем ќе ја формираат групата МАКАРАП во која членувале и еден перкусионист од Сирија и флеитистот Горан Бугариновски:

„И направивме многу интересна комбинација и тоа како микс на арапската со македонската музика и учествувавме на вечерите на Хераклеа во Битола. Потоа добивме покана да свириме во Лин, во Франција.“

Чувствувајќи ја сродноста на музичките јазици, Али веднаш ја засакал и македонската традиционална песна и прекрасната Три години болен лежам започнал да ја пее уште пред да научи да зборува македонски.

„Најмногу што ми се допаѓа е вашата изворна музика, ако нешто посакував кога заминав за Германија, нешто што прво ми недостасуваше беше македонската стара песна.“

Занесен од убавината на македонската музика Али започнал да ги запишува сите традиционални песни што ги слушал на разните културни настани во градов и набргу неговата збирка толку нараснала што тој станал еден од ретките колекционери со:
Најмногу што ми се допаѓа е вашата изворна музика, ако нешто посакував кога заминав за Германија, нешто што прво ми недостасуваше беше македонската стара песна.


„Над 500 песни и тоа со текст и ноти и некои од песните со биографија. На почетокот на 90-тите години, на било кој што ќе му притребаше македонска песна се велеше `Јавете се кај Арапот, Али Шибли сигурно ќе ја најде`.“

Од друга страна, потребата за сценско изразување и љубовта кон театарот ќе го натераат Шибли да ја напише претставата Кој ја уби Сузана Спасовска?, која ќе стане една од ретките аматерски пиеси која за премиерата во Универзална сала ќе има две изведби со продадени 2.500 карти. Згора на тоа ова дело ќе доживее 100-тина репризи, а потем авторот ќе ја постави и Граница, за која вели дека била уште поуспешна кај публиката.

Без ирачки пасош и нерегулиран престој во Македонија, во 1997 година Али ќе мора да на напушти земјава и азил ќе добие во Германија. Денес таму работи како наставник во центар за згрижување на деца и музичар кој со сопствениот ШИБЛИ БЕНД настапува насекаде по Европа. Престојот во Скопје го искористи за да ги заврши подготовките за реализација на проектот со македонски музичари на престојното Скопско лето.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG