Достапни линкови

Пет луѓе загинале на протестите во Мароко


Протестите во Мароко

Мароканското министерство за внатрешни работи соопшти денеска дека пет луѓе загинале за време на вчерашните демонстрации на кои беше побарано кралот Мухамед да се откаже од некои овластувања, да биде распуштена владата и да се зголеми борбата со корупцијата во земјата. Според министерството околу 100 луѓе биле повредени и 120 луѓе биле уапсени. Околу 3000 до 5000 илјади луѓе учествуваа на протестите.
XS
SM
MD
LG