Достапни линкови

Германија нема да ја промени политиката спрема Иран


Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле при средбата со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле при средбата со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Германските власти соопштија дека нивната политика спрема Иран не се променила, по посетата на Техеран на нивниот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле. Потпаролот на германската канцеларка Стефен Зиберт изјави дека Берлин се уште е загрижен за иранската нуклеарна програма и дека состојбата со човековите права и политичката слобода е неприфатлива.
Вестервеле вчера беше во посета на Иран, поради двајцата германски новинари кои беа казнети, па ослободени, бидејќи го интервјуирале синот на Сакине Мохамади Аштијани, која беше осудена на смртна казна за неверство. Вестервеле притоа се сретна со неговиот ирански колега Али Акбар Салехи и Претседателот Махмуд Ахмадинеџад.
XS
SM
MD
LG