Достапни линкови

Кукан -членството на Македонија во ЕУ добро за регионот и Европа


Европарламентарецот Едуард Кукан

Европарламентарецот Едуард Кукан

Европарламентарецот Едуард Кукан по средбата со вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски изјави денеска дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите, кога ќе го реши спорот со името. Според него, Македонија и припаѓа на ЕУ и нејзиното членство ќе биде добро за регионот и за Европа. Кукан додаде дека во Европарламентот се надеваат дека ќе биде пронајдено решение за проблемот со името и смета дека ЕУ не треба да се меша во спорот.
Тој и порача на опозицијата да се врати во Парламентот и таму да ги искаже своите политички аргументи.
XS
SM
MD
LG