Достапни линкови

logo-print

Економијата заложник на политиката


Од минатонеделните случувања на Кале

Од минатонеделните случувања на Кале

Политичката криза и меѓуетничките тензии се одразуваат врз економскиот развој, велат домашните економски експерти.

Протести, немири, политичка криза. Дали и како овие работи се рефлекираат на економски план, посебно во полето на инвестициите? Експертите кои ги консултиравме забележуваат дека политиката секако влијае на економскиот развој, а начинот на рефлектирање е различен од случај до случај. Професорот Христо Карталов вели дека бизнисмените бараат стабилни услови во кои ќе можат да го оплодат капиталот, имено да
Кога вие имате некакви национални, верски и расна нетрпеливост и кога тоа во секој момент може да експлодира, тоа е лошо за бизнис
амбиентот.
заработат.

„Ако е тоа во контекстот на овие наши случувања, тоа се негативни сигнали за бизнис заедницата и за инвеститорите. Кога вие имате некакви национални, верски и расна нетрпеливост и кога тоа во секој момент може да експлодира, тоа е лошо за бизнис амбиентот.“

И политичката криза се одразува врз економијата
Инвеститорите не се патриоти, смета професорот Карталов:

„Инвеститорите се плашлив сој на луѓе, тие најмалку се родољубиви, односно се луѓе кои не се класифицираат во патриоти, туку тие се многу повеќе интернационалисти. Едноставно бараат амбиент, услови каде што најбргу и најбезбедно ќе го оплодат својот капитал и ќе остварат профит.“

Влијанието на политичката ситуација врз економските случувања секако е присутна, но е различна кај различни претпријатија, смета професорот Јован Пејковски:
Економските процеси во секоја земја логично дека се поврзани и со политичките случувања, но факт е дека економијата си има свои логики.


„Економските процеси во секоја земја логично дека се поврзани и со политичките случувања, но факт е дека економијата си има свои логики, пазарната економија нормално дека е ориентирана кон профитот и оние фирми кои се трудат преку профитното работење да се одржат во пазарната сфера, се често пати насочени кон тоа работење, додека случувањата имаат влијание секаде, не само кај нас туку и во светски рамки.“

Влијанија има и од светот, а прашање е како земјата ќе постапи, вели професорот Пејковски:

„Секако дека таквите влијанија можат да дојдат и до кај нас, но прашањето е колку ние како дел од глобалните случувања во светот можеме да се изолираме и да се исклучиме.“

Инаку и пред политичките турбуленции, странските инвестиции во земјава беа слаби, покажуваа официјалните податоци. Власта, од друга страна се чини е оптимист. Над една милијарда евра странски инвестиции, околу 70.000 нови вработувања и просечен пораст на БДП од 4,5 отсто. Вакви се прогнозите на Владата во претпристапната економска програма 2011-2013 година.
XS
SM
MD
LG