Достапни линкови

САД и С.Арабија повикуваат на дијалог во Бахреин


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и саудискиот министер за надворешни работи Сауд ал Фаисал изразиле согласност да го поддржат дијалогот меѓу владата на Бахреин и нејзините противници. Клинтон рече дека разговарала телефонски со саудискиот министер по последните немири. Претходно беше издадена наредба трупите да се повлечат од центарот на главниот град Манама каде што беа собрани демонстранти. Немирите во оваа арапска земја доаѓаат по демонстрациите во Тунис и Египет.
XS
SM
MD
LG