Достапни линкови

Анти-владини демонстрации во Мароко


Палатата на кралот Мухамед во Мароко

Палатата на кралот Мухамед во Мароко

Илјадници луѓе денеска протестираат низ улиците на Мароко. Тие бараат кралот Мухамед да се откаже од некои овластувања, да се распушти владата и да се зголеми борбата против корупцијата. Демонстрантите за време на маршот низ главниот град Рабат извикувале слогани со кои повикувале на поголеми економски можности, реформи во образованието, како и подобро здравство и помош во справувањето со растечките трошоци. Според информациите околу 3000 до 5000 луѓе учествувале во протестот.
XS
SM
MD
LG