Достапни линкови

Започнале протестите на опозицијата во Иран


Поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми

Иранската опозиција започнала со протестите во Техеран, според извештаите на неколку опозициски веб сајтови, кои неможе да бидат независно потврдени. Според државната новинска агенција Фаезех Хашеми ќерката на поранешниот претседател Акбар Хашеми била уапсена за провокативно однесување во Техеран.
Иранската опозиција денеска повика на протести за одбележувањето на смртта на загинатите за време на последните анти-владини протести. Министерството за внатрешни работи предупреди дека ќе преземе мерки против демонстрантите, а провладината новинска агенција Фарс соопшти дека може да дојде и до насилство.
XS
SM
MD
LG