Достапни линкови

Јорданскиот крал побара брзо спроведување на реформи


Протестите во Јордан

Протестите во Јордан

Јорданскиот крал Абдула денеска побара да бидат спроведени реформи, да биде воспоставен дијалог и да се направат поголеми напори во борбата со корупцијата во период на незадоволство и анти-владините протести во земјата. Кралот и кажал на владата, сенаторите и членовите на судството дека сака реформите да бидат реални, модерни и за брзо време спроведени. Кралот ја повикал владата и Парламентот да се справи со прашањата поврзани со корупцијата.
Јорданците протестираат од јануари и бараат политички и економски реформи, како и да се стави крај на корупцијата во земјата.
XS
SM
MD
LG