Достапни линкови

logo-print

Протести во Ирак за човекови права и реформи


Протестите во Сулаиманија

Протестите во Сулаиманија

Илјадници луѓе протестираа во курдскиот регион во Ирак за спроведување на политички реформи. Во градот Сулаиманија најмалку 10 луѓе биле повредени во судирите со безбедносните сили за време на протестите. Во Багдад стотици жени и деца излегоа на улиците и ја повикаа владата да им обезбеди подобри права на вдовиците и сирачињата. ОН соопштија дека во Багдад има околу 336 илјади сираци и 871 илјади вдовици.
XS
SM
MD
LG