Достапни линкови

Демонстрантите во Бахреин го заземаа централниот плоштад


Централниот плоштад во Манама

Централниот плоштад во Манама

Демонстрантите во Бахреин направија камп на централниот плоштад во главниот град Манама, откако полицијата се повлекла. Илјадници анти-владини демонстранти прославувале вчера, бидејќи успеале да го заземат плоштадот. Властите соопштија дека започнала дијалог со опозицијата за спроведување на реформи.
Принцот на Бахреин повика на национален ден на жалост за шесте загинати во минатонеделните протести и смирување на страстите. Тој претходно нареди војската да се повлече од улиците. Сунитско муслиманската династија Ал Халифа владее со Бахреин, но шиитското малцинство се жали на дискриминација.
XS
SM
MD
LG