Достапни линкови

Вестервеле во посета на Иран за двајцата германски новинари


Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле отпатува за Иран, откако властите на земјата се согласија да ги ослободат двајцата германски новинари. Вестервеле му се заблагодари на неговиот ирански колега Али Акбар Салехи за неговата посветеност во односите на двете земји. Иранскиот суд ги осуди двајцата новинари на 20 месеци затвор, но потоа ја промени одлуката и одлучи тие да бидат ослободени во замена за 100 илјади долари. Новинарите беа уапсени, бидејќи го интервјуирале синот на Сакине Мохамади Аштиани, која беше осудена на смртна казна.
XS
SM
MD
LG