Достапни линкови

На Кале мирно - „врие“ од полиција


Околу скопската тврдина има засилено полициско обезбедување, а припадници на Министерството за внатрешни работи се присутни на повеќе места низ градот, по минатонеделните случувања и најавите на социјалните мрежи за нови инциденти. Не се регистрани инциденти, ниту поголеми собирања.

Апели за откажување на секакви собири на трвдината и за казнување на насилствата, вчера упатија државни и партиски претствници и невладини организации, откако на социјалните мрежи осамнаа повици со кои се закажуваше собир пред спорниот објект на цркавата-музеј.

Навивачката група Комити најави дека вечерва ќе присуствува во спортскиот центар Кале, каде нивниот ракометен клуб Вардар игра натпревар во 18 часот. Навивачката група се оградува од секакво учество во протестите, кои цела недела се најавуваат преку социјалните мрежи.


Претставници на невладината органзиција ’Разбиди се‘, која мината недела присуствуваше на инцидентите на тврдината, соопштија дека не планираат протести или собирања, а најавија дека ќе поднесат иницијатива околу изградбата на објкетот пред Уставниот суд.

Вчера од МВР предупередија дека сите што планираат повторно да се собираат и да предизвикуваат тепачки и нереди ќе бидат санкционирани. Во минатонеделниот инцидент беа повредени цивили и двајца полицајци, а беа поднесени кривични пријави против 60 лица.
XS
SM
MD
LG