Достапни линкови

Црногорскиот премиер бара да бидат исполнети условите на ЕК


Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ побара денеска од членовите на владата веднаш да поднесат оставка, доколку не се во состојба да ги исполнат условите кои на земјата и ги постави Брисел за почеток на преговори за членство во ЕУ, соопшти радио станицата Антена М. Според Лукшиќ исполнувањето на препораките на ЕК се приоритет за Црна Гора и ако некој од владата неможе да одговори на нив ќе биде пронајден друг кој ќе може да ја заврши успешно работата. За прв пат еден медиум во Црна Гора објави во јавност нечие обраќање за време на владината седница.
XS
SM
MD
LG