Достапни линкови

Војската се повлече од улиците на Бахреин


Бахреинската војска денеска се повлекла од улиците низ земјата, како одговор на барањето на опозицијата за да биде започнат дијалогот за решавање на политичката криза. Според соопштението на властите војската и натаму ќе внимава на одржувањето на јавниот ред и мир. Во меѓувреме оклопните возила се повлекоа од централниот плоштад во Манама, каде се одржуваа протестите, при што полицијата морала да употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите повторно да го окупираат местото.
XS
SM
MD
LG